Monday, September 16, 2019

Европската недела на мобилност 2019 – ПЕШАЧИ СО НАС!

Традиционално, од 16-22 септември се одржува Европската недела на мобилност. Почнувајќи од 2002 година во овој период се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт.
Затоа, преку овогодинешната кампања се поттикнуваат граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење на јавниот транспорт.
Целта на Европската недела на мобилност не е само придржување на еден одржлив концепт на живеење, туку е можност сите да бидат пример кон својата заедница и да ја поттикнат заедницата да направи исчекор кон користење на одржлив транспорт.
Во текот на седумдневното спроведување на Европската недела на мобилност секој еколошки освестен граѓанин, а пред се секој што сака да размислува за своето здравје и исвојата иднина, ќе може да најде интересен настан на кој ќе може да се придружи.






Wednesday, August 21, 2019

Mars



<iframe width="980" height="410" src="https://mars.nasa.gov/layout/embed/send-your-name/mars2020/certificate/?cn=66319379238" frameborder="0"></iframe>
<iframe width="980" height="410" src="https://mars.nasa.gov/layout/embed/send-your-name/mars2020/certificate/?cn=66319379238" frameborder="0"></iframe>

Tuesday, August 20, 2019

Tweet meet

Денешниот Tweet meet прекрасно искуство и споделени идеи 

Wednesday, August 14, 2019

MIE Expert



Вие сте избрани за експерт од 2018 - 2019  MIE Еxpert , затоа што се самодоусовршувате , страсни сте кон вашата работа, имате вистински дух за соработка и се стремите да ги инспирирате учениците со размислување за технологијата во образованието . Ние ја цениме вашата снаодливост и претприемачки дух. Како агенти на промени, постигнавте извонредност во образованието, користејќи технологија и социјални медиуми. Благодарни сме за можноста да влеземе во вашиот ентузијазам и да им овозможиме на другите да имаат корист од она што е јасно вашата страст.




https://education.microsoft.com/Status/Achievements#

Monday, July 15, 2019

My magical dust


Координатор за Македонија

Депресија, анксиозност, булинг во училиштата –преку проектот ,,My magical dust" учиме како до подобро ментално здравје и благосостојба кај децата

,,My magical dust" проект од 29 април до 15 јуни, кој имаше за цел да ги поврзе учителите и родителите во училиштата за доброто на учениците. Со овој проект се потенцираа некои од главните проблеми со кои секојдневно се среќаваат учениците, но често се занемарени. Депресијата и анксиозноста кај младите ученици и деца се во пораст, но прашањето е: колку често ние во суштина обрнуваме внимание на нивното ментално здравје и благосостојба?
Големо е задоволство што нашето училиште е дел од овој голем меѓународен проект. 
Овој проект ги изучува 1 од 17 цели за одржлив развој на Обединетите Нации објаснети во 2030 агендата за ,,Здравје и благосостојба". Во овој проект учествуваат 30 држави, 1200 наставници и 30 000 ученици. Основач на проектот е Khurram Whiz од Пакистан.
Со учеството во овој проект имав можност да работам со учениците на теми кои сметам дека се важни за иднината на децата и за подобрување на квалитетот на образованието. Занемарувањето на менталното здравје на учениците негативно се одразува врз нив. Потребна е соработка помеѓу наставниците, родителите и стручните служби. Таквата соработка може многу да помогне во оформување на младата  личност која ќе биде спремна да се соочи со надворешниот свет. Целта на првата задача ,,Образованието во срце" беше учениците со помош на нивниот наставник слободно да се изразуваат. На таков начин да можат да откријат дали нешто им пречи и прави да се чувствуваат лошо на училиште или дома. Оваа задача успешно се заврши затоа што учениците слободно изразувајќи се изнесоа проблеми како булинг меѓу соучениците, осаменост, интернетот- како главен извор на среќа која е дел од овој голем проект.
Во втората задача учениците се запознаа со анксиозноста. При разговор и презентација им беа предложени упатства за тоа како да се справат при ваква состојба.Во третата задача се поттикнува имагинацијата кај учениците, со цел да развијат социјални и емоционални вештини. Преку замислени ситуации децата учеа како да решаваат проблеми.

Wednesday, July 10, 2019

Goals








Our Lesson was about
All the Goals
I'd Like to Share
Proektot IYD ni ovozmozi da gi obrabotime podelno 4, 7 i 9 od SDGs. Ucenicite se zapoznaa so Celite za odrzliv razvoj

Број 7