Monday, September 16, 2019

Европската недела на мобилност 2019 – ПЕШАЧИ СО НАС!

Традиционално, од 16-22 септември се одржува Европската недела на мобилност. Почнувајќи од 2002 година во овој период се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт.
Затоа, преку овогодинешната кампања се поттикнуваат граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење на јавниот транспорт.
Целта на Европската недела на мобилност не е само придржување на еден одржлив концепт на живеење, туку е можност сите да бидат пример кон својата заедница и да ја поттикнат заедницата да направи исчекор кон користење на одржлив транспорт.
Во текот на седумдневното спроведување на Европската недела на мобилност секој еколошки освестен граѓанин, а пред се секој што сака да размислува за своето здравје и исвојата иднина, ќе може да најде интересен настан на кој ќе може да се придружи.






Број 7